Живот 11. август 2018. / 20:11

Тетово тоне во ѓубре – граѓаните стравуваат (ФОТО)

Тетово тоне во ѓубре – граѓаните стравуваат (ФОТО)

Тетово во екот на летната сезона поплавен во смет.

Граѓаните на Тетово веќе со денови се гушат во смет и во смрдеа во текот на најголемите летни горештини.

Ѓубрето кое веќе со денови не е собрано од страна на комуналното претпријатие во надлежност на општината предизвикува и многу заразни болести од кои највеќе стравуваат жителите.

Инаку ова не е прв град кои летово има проблеми со ѓубрето, Делчево исто така тоне во смет додека градоначалникот од СДСМ е на одмор во Кушадаси, а исто така и Крива Паланка овие денови освен со тоните неисчистено ѓубре, градот нема вода.