Живот 09. јули 2018. / 18:00

Страшно невреме со град го погоди Ресен (ФОТО)

Страшно невреме со град го погоди Ресен (ФОТО)

Попладнево страшно невреме проследено со обилен пороен дожд, град, електрични празнења и засилен ветер го погоди Ресен.

Тоа можете да го погледнете на следните неколку фотографии:

 

Инаку на многу места од западна и југозападна Македонија е нестабилно со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има и локална појава на ситен град.

Постабилно и потопло време може да очекуваме од утре (вторник) па во следните неколку денови а веќе од самиот крај на оваа и почетокот на следната недела може да очекуваме циклонска активност и нова промена на времето кај нас.

Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа промена на истата Е МОЖНА!