Живот

Страшно: Млада девојка силувана на плажа во Хрватска

Страшно: Млада девојка силувана на плажа во Хрватска

Млада девојка од Австралија пријавила дека на крајот на минатиот месец била силувана на плажа во Хрватска.

Хрватската полиција ја истражува пријавата на 23-годишната Австралијанка, која тврди дека во текот на ноќта, на 30 јули, на плажа во Макарска била силувана од непознат маж.

Девојката таа вечер била под дејство на алкохол, па не била во состојба да го опише напаѓачот, па истрагата се води со собирање на биолошки траги и изјави од евентуални очевидци.

Девојката во понеделникот околу 2:30 по полноќ, дошла во Итна помош и рекла дека е силувана на плажа. Лекарите веднаш ја упатиле на дополнителни дијагностички и гинеколошки прегледи, пишува хрватски Јутарњи лист.