Живот 06. јуни 2018. / 11:31

Средба во Охрид за мерките од одлуката на УНЕСКО

Средба во Охрид за мерките од одлуката на УНЕСКО

Во Охрид денеска ќе се одржи средба за спроведување на акциите и мерките според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Средбата ќе ја отвори министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, а во воведниот дел ќе се обратат и Игор Вучиниќ, секретар на министерот за култура на Црна Гора, Валбона Шујаку заменик-министер за култура на Република Албанија, Синиша Шешум преставник на УНЕСКО, градоначалниците или нивни претставници на Котор, Охрид, Струга и Дебрца.

Средбата е организирана како заедничка активност во рамки на регионалната платформа на министри за култура на Југоисточна Европа – КОМОКОСЕ, поддржана од УНЕСКО, со цел размена на заеднички искуства поврзани со спроведување на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а кои се однесуваат на Охридскиот регион и градот Котор, добра впишани на листата на светско наследство на УНЕСКО.