Живот 11. јуни 2018. / 18:33

Сопругата ќе го тужи мажот затоа што купил четири телевизори поради Мундијалот – еве тој како и се заканил

Сопругата ќе го тужи мажот затоа што купил четири телевизори поради Мундијалот – еве тој како и се заканил

Една Израелка најавува тужба против својот маж поради тоа што купил четири телевизори за да го гледа Светското првенство во фудбал.

Како што пишува весникот „Марив“, четириестгодишната жена е лута бидејќи не сака нејзината куќа да се претвори во “машки клуб“.

Таа му предложила на сопругот телевизорите да ги подари на оние на кои им се потребни, но тој го одбил тоа.

Тогаш му предложила привремено да се пресели кај родителите, што исто така го одбил.

После тоа му се заканила дека ќе го тужи доколку остане дома.

Израелката се пожалила дека сопругот и се заканувал дека ќе и ја разбие главата од телевизорот доколку му забрани да го следи Мундијалот.