Живот

Сообраќајот кај Дојран на делницата Богданци – Фурка е нормализиран

Сообраќајот што попладнево беше во прекин на регионалниот пат 11-09, на потегот од кај делницата Богданци – село Фурка кај Дојран, вечерва е нормализиран.

Како што претходно соопшти Авто мото сојузот на Македонија, причина за прекинот беше сообраќајна незгода.