Доколку ви е потешко да ги извршувате секојдневните обврски поради летните горештини, ние го имаме лекот! Сокот од лубеница и портокал е најосвежителното нешто, а во исто време е и добро за вашето здравје.
Потребни состојки:
- 500 гр лубеница
- 1 голем портокал
- 4-5 ливчиња свежо нане
- неколку коцки мраз
- засладувач, по вкус
Подготовка:
Лубеницата исечете ја на парчиња и внимателно извадете ги семките. Портокалот излупете го и исцедете го, а може и да го ставите цел во блендер. Сите состојки за џусот ставете ги во блендер. Миксајте додека да се соединат сите состојки и да добиете џус.