Живот 25. октомври 2018. / 10:37

Снег падна на Попова Шапка (ФОТО)

Снег падна на Попова Шапка (ФОТО)

Студениот воздушен бран под чие влијание се наоѓа Македонија сериозно го најави доаѓањето на зимата.

Но, додека во градовите тоа се рефлектира само со ниските температури, во зимскиот центар Попова Шапка денеска може да се забележи снег.

Инаку снег претходно за прв пат падна и на Пелистер, а утрово може да се забележи дека е забелен и врвот на планината Скопска Црна Гора.