Живот 14. ноември 2018. / 17:14

Словенија привлечна за младите – над 20 илјади Македонци станаа словенечки граѓани

Словенија привлечна за младите – над 20 илјади Македонци станаа словенечки граѓани

Во Словенија живеат 20 илјади граѓани на Македонија кои станаа словенечки граѓани. Има и околу 20 илјади кои работат во Словенија како македонски граѓани. Словенија е прва локација за студенти од Македонија. Таму студираат скоро 800 студенти од Македонија и тоа е најголема бројка во поширокиот регион. Само оваа година од битолската гимназија, 50 ученици отидоа да студираат во Словенија. Медицина, општествени и технички науки.

Ова меѓу другото го изјави словенечкиот амбасадор Милан Јазбец при денешната посета на Кавадарци. Рече дека се одлични односите помеѓу двете земји и дека македонските граѓани таму се чувствуваат како дома.

– Ако младите се чувствуваат како дома, нема да ја заборават својата татковина и веројатно ќе се вратат назад. А ако одат на друг крај од светот, нема да се вратат, што е многу важно. – нагласи тој.

Притоа додаде дека таму работат неколку Македонци кои се светски стручњаци во својата област и можат да работат каде било во светот.