Најзагадено вчера вечер беше во Битола и Скопје, покажуваа мерните станици. И изминатата вечер како и петходните воздухот беше екстремно загаден.
Штетните PM10 честички во Битола достигнаа ниво од 390 микрограми на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното.
Во Скопје најзагаден воздух дишеа жителите во населбата 11 Октомври, Миладиновци, Аеродром.
Кај Ректоратот загаденоста со ПМ10 честички е 354 микрограми на кубен метар.