Огромен скандал го потресе аргентинскиот фудбалски клуб River Plate.
Медиумите во оваа латиноамериканска држава пренесуваат дека во младинските категории на овој клуб се случило сексуално злоупотребување. Аргентинската невладина организација „Здружение на жртви од силување“ (AVIVI) тврди дека во овој клуб три малолетници биле злоупотребни во периодот од 2004 до 2011 година.
По овој скандал била спроведена истрага и шест лица се уапсени.