Живот 10. мај 2018. / 19:09

Силното невреме во Ресен предизвика големи штети врз земјоделските култури

Силното невреме во Ресен предизвика големи штети врз земјоделските култури

Преспанскиот регион, градот Ресен и околината попладнево беа зафатени од силно навреме проследено со обилен дожд и град.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кусо инфомираат дека градот предизвикал големи штети врз насадите со јаболка, а допрва ќе се проценуваат и штетите врз други земјоделски култури.

Во наредните денови екипи ќе вршат проценка на штетите од навремето кое попладнево го зафати преспанскиот регион.