Живот

Силно невреме ја погоди Преспа (ВИДЕО)

Силно невреме ја погоди Преспа (ВИДЕО)

Силно невреме ја погоди Преспа, денеска околу 14 часот, пишува порталот Центар.

Невремето најизразено било во деловите на Јанковец, селата Болно и Избишта. Според пишувањето на порталот, забележани се штети на јаболката од овој неочекуван град кој што падна сред бербата.

Првичните информации се дека јаболките ќе претрпат големи штети од ова невреме.