Метеоролозите најавуваат дека оваа недела на Пиринејскиот полуостров се очекуваат многу високи температури кои би можело да поминат и над 45 степени Целзиусови.
Екстремниот топлотен бран би можело да донесе температури од 50 степени. Високите температури посебно се очекуваат во поедини делови во западна Шпанија и во централните делови на Португалија.
Во Шпанија се очекуваат максимални температури од 44 до 4 степени, а во Португалија од 45 до 49 степени Целзиусови. Во недела ќе биде од 44 до 47 степени во Шпанија и од 47 до 51 степен во Португалија.
Метеоролозите предупредуваат дека станува збор за екстремни временски услови кои може значително да ја зголемат опасноста од пожари, па повикуваат на внимателност кај жителите.
Исто така, Министерството за здравство во Италија прогласило црвен аларм поради највисоко ниво во 18 италијански градови поради големите жештини.
Метеоролозите предвидуваат дека топлотниот бран ќе трае најмалку до првиот викенд во август.