Живот 28. август 2018. / 17:06

Семејството Поцеста погребано, се уште се трага кој е убиецот

Семејството Поцеста погребано, се уште се трага кој е убиецот

Македонската полиција се уште нема осомничен за тројното убиство на семејството Поцеста во Дебар, откако денеска беа погребани брачниот пар и нивната малолетна ќерка, кои беа убиени со истрели на спиење.

Од СВР Охрид за Сител истакнаа дека се уште се трага по можниот сторител, додека од Основното јавно обвинителство тврдат дека истрагата е насочена кон оние кои се познавале со семејството.

– Во моментов со парафински ракавици се испитува дали некој нивни близок пукал од огнено оружје, а се водат разговори со сите кои биле во контакт со семејството – велат од ОЈО.