Живот 19. октомври 2018. / 17:11

Сакала да се самоубие: Нејзиниот син извршил масакр на Крим, а таа им помагала на повредените

Сакала да се самоубие: Нејзиниот син извршил масакр на Крим, а таа им помагала на повредените

Мајката на Владислав Рослјаков, кој го извршил масакрот во колеџот на Крим, се обидела да си го одземе животот кога дознала дека нејзиното дете е виновно за крвавиот инцидент.

Неутешната медицинска сестра која што им помагала на жртвите, веднаш се обидела да си го одземе животот, кога дознала дека токму нејзиниот син, 18-годишниот Владислав е виновен за масакрот во кој што 21 лице го загуби животот.

Мајката на Владислав, Галина Рослјакова им давала помош на настраданите во нападот на нејзиниот син во болницата каде што работела како медицинска сестра, се додека од полицајците не дознала дека за крвопролевањето е виновен нејзиниот 18-годишен син.

Таа толку била потресена од тоа, по што веднаш се обидела да изврши самоубиство.

Според зборовите на наставникот Владислав Мирошников, за време на нападот на Владимир имало и неколку херојски акти – некои дури и се жртвувале самите себе за да му го одвлечат вниманието на напаѓачот кој што после нападот, си го одзел животот во училишната библиотека.

Како што пренесуваат руските медиуми, Владислав целосно легално успеал да дојде до посед на полуавтоматската пушка од турско производство, сачмарката „Хатсан Ескорт“ и тоа откако ги минал сите правни, медицински и психички тестирања.

Кримските весници моментално шпекулираат околу четири мотиви за масакрот.

Еден од можните мотиви бил и кавгата на Владислав со неговата девојка, вториот дека тој бил обожавател на крвавите видео игри и дека им се восхитувал на убијците.

Според третата теорија, Владислав секогаш бил „аутсајдер“, бил понижуван поради сиромаштијата во која што живеел.

Руските власти ја проверуваат и четвртата теорија според која тој бил регрутиран од исламски екстремисти, иако кримските власти тврдат дека нападот не бил поврзан со ниту една религиозна група.