Раководството на рудникот „Бучим“ ја достави документацијата за добивање дозвола за отворање на новото рудно тело „Боров дол“.
Новото тело треба да ја продолжи работата на единствениот рудник за бакар и злато во земјава.
Рударите во земјава денеска во своите домови и рудници ја слават својата заштитничка Голема Богородица, а на 31 август ќе се одржи централната прослава во организација на Министерството за економија во Скопје, каде ќе бидат наградени најдобрите рудари од македонските рудници. Инаку, во рударскиот сектор во земјава работат над 12.500 работници заедно со преработувачкиот.
Рударството во Македонија учествува со еден отсто во БДП, а околу 9,5-10 отсто во индустриското производство. Вкупниот извоз од рудниците на обоени метали е околу 160 милиони долари, а увозот е околу 60 милиони долари. Односот на увозот и извозот кај неметаличните суровини е многу понегативен.