Живот 10. мај 2018. / 11:18

Природна заштита од комарци

Природна заштита од комарци

Комарците се можеби најлошата страна на летото, ако не научиме како да се справуваме со нив. Ова лето, спрејовите и кремите кои се на хемиска база оставете ги, пробајте некои
од природните совети за борба со комарците.

Банана
Сигурно познато ви е дека бананата е одлична за здравјето, но сигурно не знаете дека е одлина и за заштита од комарци.Во борбата со комарците, се препорачува со внатрешната кора да ги намачката рацете и нозете.

Лаванда

Исто така, помага и лавандата. Мирисот на лавандата е неверојатно опуштачки, а комарците не го поднесуваат. Рецептот за елеминација е едноставен, во маслиново, бадемово или бебешко масло додајте неколку капки есенцијално масло од лаванда, и тоа нанесете го на вашата кожа. Покрај тоа што ќе ви ја омекне и хидрира кожата, ќе ве заштити и од убоди од комарци.

Цитрусни овошки

Цитрусните овошки се совршени за летниот период, богати се со витамини и може да се користат за освежување, но исто така се одлични и за борбата со комарци. Затоа со кришка лимон или лимента, намачкајте го местото каде имате убод од комарец и веднаш ќе почуствувате олеснување.