Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл присуствувале на гала каде се изведуваше мјузиклот Хамилтон, одржан со цел за собирање средства за добротворното здружение Sentebale кое е основано од принцот.
Она што ги изненади и воодушеви сите е кога принцот го земал микрофонот во раце и запеал, но за жал многу кратко.
Мјузиклот беше одржан во театарот Victoria Palace. На крајот на шоуто Хари излезе на бината и им се заблагодари на глумците и останатите членови од екипата, па отпеа само мал дел од песната “You’ll Be Back”, кој обично го пее ликот на кралот Џорџ Трети во мјузиклот.
Публиката беше воодушевена, но и историчарите кажаа дека ова беше прекрасен начин со кој Хари му оддаде чест на својот 6 прадедо.
За здружението Sentebale кое од 2006 година се занимава со лекување на заболени од ХИВ, биле собрани 334.768 евра. Принцот ѝ се заблагодари на публиката за големата сума на пари која ќе им го промени животот на децата во Боцвана, истакнувајќи дека ќе продолжи да работи за стопирање на стигматизацијата на заболени од ХИВ.
