Живот 16. август 2018. / 18:50

Помислата на неговото бебе му дала сила: Маж со часови висел на жица на мостот во Џенова

Помислата на неговото бебе му дала сила: Маж со часови висел на жица на мостот во Џенова

Џулија Органо опиша како нејзиното момче, со кое чека бебе, го преживеа рушењето на мостот во Џенова, држејќи се за жица 20 метри на земјата.

Џанлука Ардини, продавач на компјутерски игри, со автомобилот поминувал по мостот „Моранди“, кога во еден момент констукцијата попуштила. Неговиот колега Мати Алтадона, кој бил заедно со него, паднал од висина од 45 метри и настрадал, но Џанлука преживеал така што се фатил за жица, на која висел со часови, а помислата на неговото бебе му даде сила да преживее.

„Не знам како да го опишам она што се случи, освен како чудо. Не можам ни да помислам што преживеал додека со часови висел во воздухот држејќи се со сета сила на жицата на висина од 20 метри“, изјавила Џулија за „Теленорд“.

Таа рекла дека не разговарала со момчето по несреќата, но дека спасувачите и кажале се.

„Ми рекоа дека пожарникарите му кажале да не се поместува за да не падне. На крај го спасија“, раскажала девојката.

„Сега има болки, но не е животно загрозен. Сигурна сум дека ќе има физички последици, но можеме да кажеме дека имавме среќа“, изјавила Џулија, која нетрпеливо го чека момчето да се врати дома.