Во текот на новата недела која што ни претстои ќе имаме значително потопло време за разлика од она што го имавме изминатите денови кога на многу места низ регионот падна руди и снег а моќната Силвија во соседна Грција направи вистински хаос и услови големи поплави и големи штети, пишува Метеомакс.
Сепак и покрај потоплото време атмосферата и во текот на новата недела ќе остане нестабилна па така особено во текот на попладневните часови локално се очеува пороен дожд и грмежи а не се исклучува можноста и за локална појава на град.
Во текот на неделата температурите на воздухот и покрај тоа што ќе бидат значително повисоки сепак според моменталните следења и анализи не треба да очекуваме да се искачат во интервалот повеќе од 29 до 35 степени.