Живот 11. јуни 2018. / 22:28

Ова се најбогатите жени во светот, а не се холивудски sвезди (ФОТО)

Ова се најбогатите жени во светот, а не се холивудски sвезди (ФОТО)

Од околу 2.400 светски милијардери, 12% се жени. Тие со богатството од околу 930 милијарди долари се на листата на најуспешните.

Шеика Мозах – сопругата на катарскиот емир и една од неговите три жени, Шејха Мозах бин Насер привлекува големо внимание од светските медиуми поради својата исклучителна елеганција. Нејзиното богатство се проценува на 10 милиони долари.

Иванка Трамп – ќерката на претседателот Доналд Трамп има 35 години и околу 740 милиони долари. Сопственичка е на неколку компании.

Пенси Хо – благодарение на својот претприемачки дух и покренување на бројни компании та има околу 3,4 милијарди долари.

Шарлота Каираги – шармантната внука на Грејс Кели е новинарка која слободното време го посветува на јавање. Има 31 година и е осма наследничка по ред на линијата Монако, се проценува дека има 5,7 милијарди долари.