Живот 13. април 2018. / 12:51

Ова ќе ги израдува оние кои планираат да заминат во Германија

Ова ќе ги израдува оние кои планираат да заминат во Германија

Гермaнија мора да ангажира повеќе странски работници за да го сочува економскиот раст и просперитет, покажува истражувањето на економскиот институт IW.

Залетот на германскиот пазар за труд во изминатите години веројатно не би бил можен без доселувањата, истакнуваат од IW.

Во Германија од 2012 до 2017 година се вработени 1,3 милиони странци, во споредба со вработените 1,6 милиони Германци.

Повеќето доселеници кои работат во Германија потекнуваат од ЕУ, а само 386.000 од нив од трети земји, истакнуваат од институтот. Предупредуваат исто така дека во идните години стапката на невработеност меѓу Германците би можела да расте, пренесуваат економските портали.

Може да се очекува значително намалување на уделот на домашното население во работната сила во идната деценија, констатираат авторите на извештајот.

Се предвидува исто така дека Германија во иднина се повеќе ќе зависи од граѓаните од трети земји, бидејќи доселениците од другите земји на ЕУ ќе бидат потребни за работа и во матичните земји чии пазари на труд исто така трпат последици од стареењето на населението.