Живот

Обвинителството ја истражува тепачката во училиштето во Неготино

Обезбедувањето во училиштето Гоце Делчев во Неготино каде две ученички брутално тепаа малолетничка не стигнале на време да го спречат инцидентот. Тепачката била од задниот влез надвор од дворот на училиштето и затоа според ресорното министерство за обраозвание немало и дежурни наставници кои можеле да реагираат и да не дозволат ситуацијата да ескалира. По скандалозната снимка која ја шокираше јавноста, настанот е пријавен во МВР а вклучено е и обвинителството кое случајот го води како насилство. Од полицијата велат дека на распит ќе бидат повикани сите инволвирани. Денеска, пак, на советување кај училишниот педагог биле деветоодделенките кои се тепаа и нивните родители.

– Стручните служби во училиштата треба сериозно да работат на превенција на насилствата од учениците, тоа е она што е загрижувачки во овој настан каде има голем број соученици кои само набљудуваат но не реагираат. Затоа мора да има поголема улога на воспитната дејност во образовниот процес, вели Владимир Делов портпарол во МОН

За социолозите и лицата кои се занимаваат со емоционалниот развој на децата е нејасно каде биле родителите и училиштето да реагираат доколку ученичките во тепачката и порано имале намалено поведение. Прашуваат зошто родителите плаќаат обезбедување на училиштата кога покрај неготинскиот случај има и други пријави на насилства меѓу ученици.

-Има дојави и за други случаи кога наставниците се немоќни, родителите незаинтересирани и се тоа на крај с еприкрива. Министерството за обраование мора да направи една добра анкета какви воспитувачи и наставници има во училиштата или децата се препуштени сами на себе, вели Татјана Гоговска портпарол во Меѓаши

Од Министерството за образование велат дека има многу училишта во државата кои не ангажирале обезбедување, бидејќи тоа не било законска обврска.

Случајот со бруталното тепање на ученичка во Неготино е сериозна опомена до сите учесници во образовниот процес, вклучително и родителите и децата, дека вакво насилство не смее да се повтори.