Живот 30. август 2018. / 18:49

Норвешки министер поднесе оставка поради кариерата на својата сопруга

Норвешки министер поднесе оставка поради кариерата на својата сопруга

Норвешкиот министер за транспорт Кетил Солвик Олсен поднесе оставка на функцијата поради кариерата на својата сопруга и ја одушеви јавноста.

Министерот денеска поднесе оставка поради кариерата на својата сопруга, која е докторка и треба една година да работи во САД.

,,Мојата драга сопруга доби работа во САД , сакам да и овозможам да си го оствари сонот”, напиша министерот во пораката со која се простува од министерската фотелја.

,,Беше фантастично да се работи како министер за транспорт и врски, впрочем би го работел тоа до крајот на животот”, изјави Солвик Олсен, член на деснилчарската партија, кој на оваа позиција е од 2013 .

Неговата сопруга Тоне Солвик Олсен, прифатила да работи како доктор во детска болница во САД. Одлуката на министерот да се откаже од својата кариера во корист на сопругата наиде на поздравување на социјалните мрежи.