Радосна седмица за ВМРO – ДПМНЕ. Иако на политички план нема простор за прослава, приватно, генералниот секретар Игор Јанушев и поранешниот претседател на Унијата на млади сили имаа силна прочина за прослава.
Дамјан доби братче, а генералниот секретар Игор Јанушев стана татко по вторпат на здраво машко дете.
„Денеска го добив мојот втор син. Му благодарам на Бога што мене и на мојата сопруга не благослови по втор пат. Очекувам да биде храбар и со достоинство и чесност да чекори низ животот и да го носи товарот на ова време.
Ви благодарам на сите за прекрасните честитки.
Нека е жив и здрав, син на татко!“, објави Јанушев на Фејсбук.
Приновата му ја честита и претседателот на партијата на Фејсбук, со исечок од култниот филм „Мис Стон“.
Синоќа, пак, социјалните мрежи беа препалвени со желби за вечна љубов и честитики за поранешниот претседател на Унијата на млади сили, Владимир Нелоски. Тој и неговата сегашна сопруга ги собраа најблиските на свадбена веселба.