Живот 01. јули 2018. / 19:27

На граничните премини Богородица и Дојран се чека по 45 минути

На граничните премини Богородица и Дојран се чека по 45 минути

На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од Република Македонија на Богородица е од 30 до 45 минути, додека на Дојран од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државатa, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.