Живот 10. август 2018. / 12:40

„Му се ближи крајот“: Украинскиот режисер затворен во Русија е во лоша состојба

„Му се ближи крајот“: Украинскиот режисер затворен во Русија е во лоша состојба

Украинскиот режисер Олег Сенцов, е осуден на 20 години затвор во Русија, а прет три месеци започнал штрај со глад.

Режисерот кој штрајкува со глад во рускиот затвор е во „катастрофално лоша“ состојба, тврди негова роднина.

Олег го започнал штрајкот на 14 мај. Тој бара ослободување на 64 украински затвореници кои ги смета за политички затвореници.

Неговата роднина Наталија Каплан го цитира неговото писмо на Фејсбук и напиша: „Едвај стои. Му се ближи крајот“.

Сенцов е прогласен за виновен за планирање на терористички напад на Крим, откако Русија изврши анексија на украинскиот полуостров во март 2014 година.

Во август 2015 година, воениот суд на Русија, го осуди режисерот на 20 години затвор.

Моментално Олег се наоѓа во затворот во Лабитананги, мало руско место на крајниот север на Русија.