Рибарите во јужната мексиканса држава Оахака, пронашле 300 мртви морски желки, заплеткани во рибарски мрежи.
Животните се пронајдени неколку денови, откако пронашле уште 102 мртви желки во соседната држава Чијапас. Истрагата за причината за смртта сеуште е во тек.
Овој вид на морски желки, кои несат јајца на плажите од мај до септември, се соочуваат со висок ризик од изумирање.
Екпертите тврдат дека постои можност да ги убиваат штетни алги или може да се угушат заробени во мрежите.
Мексико од 1990 година, забранува лов на овие животни.