Живот 31. јули 2018. / 13:36

Луксузен имот од кралицата: Еве како изгледа новата куќа на Хари и Меган

Луксузен имот од кралицата: Еве како изгледа новата куќа на Хари и Меган

Кога се во Виндзор, Меган Маркл и принцот Хари, повеќе нема да мораат да престојуваат во куќата во Нотингем, туку ќе си имаат свој дом во непосредна близина. Имено, кралицата Елизабета Втора, како што тврдат медиумите на Островот, им го подари имотот Аделајд Котиџ.

Бидејќи дворецот Виндзор има седум влезови и излези, парот ќе може успешно да го избегнува вниманието на фотографите и медиумите кога и да посака, а до Лондон ќе се наоѓаат на само 40 километри оддалеченост, што исто така е многу практично.

Новата куќа на принцот Хари и Меган Маркл

Куќата Аделејд Котиџ оригинално е изградена за кралицата Аделејд, жена на кралот Вилијам Четврти, уште во далечната 1831 година.

Куќата е реновирана во 2015 година.

Главната спална соба наводно има таван покриен со позлатени делфини и мермерен камин, кој е направен во грчко-египетски стил.