Живот

Лекарско предупредување пред најавеното покачување на температурите

Лекарско предупредување пред најавеното покачување на температурите

Со најавеното покачување на температурите почнаа да се појавуваат и здравствените проблеми кај лицата кои имаат одредена болест или имаат слаб имунитет. Лекарите од Брзата помош во текот на денов интервенирале во многу случаи при состојби на колапс.

Тие ги советуваат болните редовно да ја примаат нивната терапија, да пијат многу течности и да користат заштитни средства доколку мора да се изложат на сонце.

Денешниот ден беше сончев, а метеоролозите за следниве денови најавуваат стабилизирање на времето, но и чести облачни периоди.

Од хидрометеоролошкиот завод најавуваат дека во текот на неделава најтопли денови ќе бидат четврток и петок кога ќе има и силен ветер.