Мајка одлучила да го фрли своето 11-месечно бебе низ прозорец, кога пожар го зафатил нивниот стан во зграда во Андерсон, Јужна Каролина.
Мајката го фрлила бебето во рацете на нивниот сосед, кој го чекал надвор.
Драматичното видео за спасување на детето покажува како мајката се потпира на прозорецот додека зградата е во пламен и по неколку моменти го фрла бебето во сигурни раце.
Мајката подоцна исто така скокнала низ прозорецот од вториот спрат.
За среќа и таа и бебето се добри.