Живот

Катастрофални слики од Струмица : Се малтретираат животни за да се превезат украдени дрвја!

Катастрофални слики од Струмица : Се малтретираат животни за да се превезат украдени дрвја!

Денеска во 16:00 часот во строгиот центар на Струмица се случи немил настан со жители на општина Струмица. Како што може да се забележи по видеата и фотографиите, тие имаат натоварено дрвја на коњска кола, а коњот кој е прилично помал поради преголемиот товар се измачува и паѓа на асфалтот. Како што велат очевидците коњот во еден момент паднал и повеќе време лежел на асфалтот а потоа сопствениците успеале да го исправат и што побргу избегале од таму – пишува локалниот портал „Струмица денес“.

Како што дознаваме, на лице место иако пријавени, не успеала да дојде ниту полицијата за да направи увид или евентуално пријава, а освен мачењето на животното, граѓани не уверуваат дека дрвјата биле всушност украдени.