Во текот на денешниот ден како и утре на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите на воздухот.
Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието како и на југоисток и исток каде локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Времето ќе биде сончево повремено со умерена облачност а повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност и ќе има услови за локален слаб дожд а има услови и за ретки грмежи.
Максималните дневни температури на воздухот денеска ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, додека утре ќе бидат уште пониски и истите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени.
Повторно влегуваме во период со температури кои се несвојствени за овој дел од годината односно истите ќе бидат под просекот за овој летен дел од годината.