Утрово најстудено со -18 степени беше во Тетово, -15 Битола, Дебар, -14 Струмица, Маврово, -13 Берово, Крушево, -12 Прилеп, Лазарополе, -11 Скопје Петровец, Штип, -10 Охрид, Д.Капија, К.Паланка, -9 Скопје на З. Рид, Претор, ПОжаране, -5 Куманово, -4 Дојран, -2 Гевгелија.
Во претпладневните часови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено. Преку денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од -4 до 3 степени.
Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините. Потоа ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.