Живот

Искористете го сонцето додека го има: Во овие градови веќе има невреме – во сабота промена на времето

Искористете го сонцето додека го има: Во овие градови веќе има невреме – во сабота промена на времето

Времето претпладнево во Македонија беше сончево со умерена облачност. Но, тоа нема да биде случај и во попладневните часови.

Како што најавуваат од УХМР, попладнево се очекува појава на локален дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умрене ветер, претежно од западен правец.

Времето веќе цела седмица променливо, а тоа влијае и на метопатите и хронично болните.

Но, веќе од утре се очекува стабилизација, освен во југоисточните предели, каде повторно ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Повторна промена се очекува викендов, кога метеоролозите најавуваат појава на нестабилност и врнежи низ земјава.

Како што може да се забележи нестабилно време со грмежи веќе има во некои градови во Македонија, погледнете: