Живот 23. декември 2018. / 22:41

И вечерва загадено во цела Македонија: Скопје се гуши

И вечерва загадено во цела Македонија: Скопје се гуши

И вечерва Македонија се гуши во големо загадување на воздухот. Мерните станици покажуваат особено загрижувачки податоци во главниот град.

Додека граѓаните постојано реагираат и апелираат, надлежните институции и властите без конкретни мерки.

Мерните станици во моментов покажуваат дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено е кај Ректоратот во Скопје.

Според мерните станици во моментов кај Ректоратот има 451 милиграми на метар кубен ПМ-10, Битола 1 341, Кавадарци 295, Струмица 243, Тетово 255 и Гостивар 229 ПМ-10.