Тинејџерка од училиште од северниот дел од Индија, пријавила во полиција дека наставниците и соучениците ја силувале во училиштето. Како што изјавила 15-годишната девојка, 16 врсници и тројца наставници ја силувале, пренесува британски „Дејли Мејл“.
За трагедијата да биде поголема, нејзините врсници, обвинети за сексуално злоупотребување, истакнале дека првиот пат ја силувале, но секој нареден пат таа „соработувала“ за време на сексот.
Ануј Кумар, инспектор од областа Бихар, истакнал дека девојката на почетокот ја силувале три до четири момчиња, а потоа, секој следен пат, им се приклучувале и останатите врсници, а потоа и наставниците.
Од полицијата соопштиле дека уапсени се четири момчиња и двајца наставници и дека покрената е истрага. Тие на сослушувањето истакнале дека првиот пат ја присилиле на секс, но секој нареден пат таа „соработувала“, односно не се бранела.