Од „Пријателство“ автопатот повторно именуван во „Александар Македонски“
Автопатот „Пријателство“ повторно го доби старото име „Александар Македонски“. Се разбира не станува збор за одлука на властите и официјална промена на името. Некој, на кој не му се допаднало преименувањето, на таблата од Скопје кон Велес го прешкртал новото име и со црвена боја напишал „Александар Македонски“.
Во текот на март 19 сообраќајни табли со старото име на автопатот „Александар Македонски“ беа заменети со табли со новото име „Пријателство“. Промената на имињата на автопатот, но и на аеродромот од „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром „Скопје“ , како што објави премиерот Зоран Заев, се во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.
Автопатот се протега од границата со Србија кај граничниот премин „Табановце“ до границата со Грција кај граничниот премин „Богородица“.
Извор,Фото
Макфакс