Живот 27. август 2018. / 16:35

Гоце Тодоровски: Повеќе бев со Ванчо отколку со самиот себе

Гоце Тодоровски: Повеќе бев со Ванчо отколку со самиот себе

Во Драмскиот театар денеска се одржа комеморација за великанот Ванчо Петрушевски, а говореше и Гоце Тодоровски со солзи во очите.

Актерот Гоце Тодоровски потсети на животот и делото на Петрушевски, за одиграните улоги, настапи, награди, за неговата умешност и шарм, зборуваше за неговата пасија-сликарството, за викендицата во Орешани…

– Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност, со виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи и тие стануваат негови обожаватели. Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на ислучителни актери. Во реализацијата на неговите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус со бараната и добра мерка, рече Тодоровски, додавајќи дека со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години.

Вели повеќе бил со Ванчо отколку со самиот себе. Викендичката во Орешани му била омилена и затоа тој веќе нема да стапне таму.