Живот 20. јуни 2018. / 19:51

Го давела своето бебе, го затрупала со камења, а сега бара да се брани од слобода

Го давела своето бебе, го затрупала со камења, а сега бара да се брани од слобода

Лауреса Малиќи еден ден откако излегла од болница после породувањето, отишла до касарната каде го давела нејзиното бебе, а потоа го затрупала со камења.

Оваа 33-годишна жена од Ѓаковица признала на суд дека го убила своето бебе, оставајќи ги сите вџашени.

Бенџамин, братот на обвинетата, изјавил дека неговата сестра го каменувала бебето во напуштен воен објект во Ѓаковица.

-Излегла со бебето од болница еден ден откако се породила, отишла до касарната каде го давела бебето, а потоа го затрупала со камења. Велат дека бебето било живо уште некое време по давењето-рекол Бенџамин и додал дека никој во семејството не знаел дека Лауреса е бремена.

Бенџамин кажал дека таа не живеела со семејството веќе некое време.

-Кога дојде, забележавме дека е здебелена, но не помисливме дека е бремена. Следниот ден замина некаде, а веќе наредниот ден ни беше кажано дека се породила-рекол Бенџамин.

Лауреса после убиството на својата ќерка сосем нормално дошла во куќата и кажала дека бебето, наводно, умрело во болницата.

Членовите на семејството тогаш се јавиле во управата во болницата за да ги известат дека немаат пари за погреб.

-Тогаш ни беше кажано дека Лауреса родила живо и здраво дете, брзо потоа докторите се посомневале нешто и дојде полиција- кажал Бенџамин.

Судијата во овој случај побарал психијатриско вештачење и побарал комплетни анализи од вештаци, кои го прегледале убиеното бебе. Судењето продолжува на 18 јули кога треба да се слушне и зборот на медицинските вештаци.

Лауреса, која е во притвор од 22 март, барала преку својот адвокат да се брани од слобода. Молбата не и била одобрена.

-Таа треба да остане во притвор, бидејќи станува збор за тешко убиство. Постојат силни докази дека со ќебе го гушела бебето, а потоа над него фрлала камења и бетонска плоча-навел на првиот претрес тужителот Агрон Матјани.

Тој истакнал дека постои опасност обвинетата да побегне од Косово, доколку судот и дозволи да се брани од слобода.