Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вечерва се забавуваат во една позната скопска кафеана во друштво на две млади дами.
На фотографијата до која стигна Лидер, претседателот на владата и министерот се фотографирани со младите девојки кои се во нивно друштво. Идентитетот на девојките ни е непознат, но, како што неофицијално дознаваме едната од нив е познат кадар на СДММ.
Во досегашната политичка пракса, реткост е премиерите да се забавуваат по кафеани. Инаку за неколку часа е велики петок, најстрог празник во христијството во кој е предвиден строг пост и време со семејството.
Како што дознаваме, Заев и веселото друштво и по полноќ се во кафулето.