Живот 02. јуни 2018. / 20:14

Еве ја временската прогноза за утре

Еве ја временската прогноза за утре

Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите можно е да бидат поинтензивни. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8. Утринските температури ќе се движат од 8 до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Температурите ќе се движат од 12 до 30 степени.

Локална нестабилност ќе има и во почетокот на наредната седмица.