Млада белограѓанка отишла во белградскиот Ургентен центар поради силни болки во стомакот, а неколку часа подоцна станала мајка, пренесува СрбијаДанас.
Докторите се изненадиле кога 19-годишната девојка побарала итна медицинска помош поради неподносливи болки во стомакот во Ургентен центар, а не во Гинеколошко одделение.
-Девојката со семејството доје во петокот попладне во Ургентниот центар. Се жалеше на силни болки во стомакот. Меѓутоа, кога доктоирте ја прегледале, сфатиле дека девојката ќе се породи, пренесуваат српските медиуми.
Бидејќи немало време девојката да ја пренесат во гинеколошка клиника, таа се породила во Уртентниот центар.
Девојката, наводно, не знаела дека е бремена.