Живот 12. декември 2018. / 09:24

Денеска сончево и постудено, од утре снег

Денеска сончево и постудено, од утре снег

Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје и Охрид 7 Целзиусови степени, Маврово и Берово 5, Крива Паланка и Прилеп 4, Кавадарци 10, Гевгелија 12 степени…

Утре попладне и в петок ќе има повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка.

Дневните температури ќе се движат од два степени во Маврово, Крива Паланка, Охрид и Берово, три степени во Скопје и Прилеп до седум степени во Дојран.