Живот

Денеска Комити со протестен марш за правда за Саздо

Денеска Комити со протестен марш за правда за Саздо

Навивачката група Комити најавува протестен марш за денеска. Времето и местото на стартот на маршот се уште не се објавуваат. Како што велат од навивачката група во своето известување на социјалните мрежи, сите информации ќе бидат навремено соопштени.

Комити и вчера имаа мирен собир пред Собранието на Република Македонија каде што запалија свеќа во чест на нивниот другар Саздо.

Пред Собранието дојде и лидерот на опозицијата Мицкоски кој запали свеќа и го остави својот дрес.

Саздо беше нападнат пред 2 недели од 3 лица додека чекал автобус во скопска Автокоманда.

Од тешките повреди вчера почина во болница.