Живот

Британка силувана на одмор – уапсени пет мажи

Британка силувана на одмор – уапсени пет мажи

Полицијата уапси петмина сторители, но се сомнева дека во силувањето на Британката во Неапол, во 2016 година, учествувале повеќе од 10 луѓе.

Во октомври 2016 година во Соренто близу Неапол, петмина службеници на познатиот хотел ја одвлекле британската туристка, ја силувале и сето тоа го снимале со мобилни телефони.

Иако полицијата уапси петмина сторители, тие наведуваат дека не е можно во групното силување на 50-годишнаа Британка да учествуваат 12 луѓе.

Сомневањата се дека двајца бармени на Британката и на нејзината ќерка и ставиле дрога во пијачката, а потоа ја одвлекле во блискиот базен и сексуално ја злоставувале. После тоа ја одвлекле во соба каде групно ја силувале.

Сето тоа го снимале со мобилен телефон, а снимката ја споделиле во групата „Лоши навики“ (Bad Habits) на Ватсап каде бројни други мажи ја коментирале.