Живот 15. август 2020. / 23:15

Бизарна несреќа: Риба усмрти рибар

Бизарна несреќа: Риба усмрти рибар

56-годишен рибар починал во Австралија кога риба скокнала во неговиот брод, соопшти полицијата.

„Човекот ловеше со семејството и пријателите кога одеднаш беше погоден во градите од огромна риба“, соопшти полицијата.

Несреќниот рибар е пренесен на брегот, а болничарите се обидоа да го оживеат, но, за жал, без успех.

Еден од локалните рибари им рече на новинарите дека станува збор за скуша од 18 килограми.