Живот 27. јули 2018. / 13:22

Бакнеж за принцот

Бакнеж за принцот

Новата кралска двојка е позната по тоа дека пркоси на кралскиот протокол. Принцот Хари и Меган Маркл покажаа колку се заљубени кога гордата сопруга го бакна наследникот на британскиот престол по неговата победа на добротворен поло натпревар.

Војвотката од Сасекс (36) одвај чекаше да му честита на својот сопруг за

победата и му подари сочен бакнеж, што е невообичаено споделување на емоции во јавност за членовите на кралското семејство.

Меган изгледаше прекрасно во фустан на Каролина Херера, во комбинација со крем салонки на Aquazzura и црни очила за сонце.