По 6 годишно стопанисување со Охридското езеро, концесионерот но и научните институции повторно ја неметнуваат потребата од воведување на потполна забрана за изловување на пастрмката.
Поради човечка негрижа овој вид риба е на работ на исчезнување.Бројот на матици е мал, а некои природни мрестилишта се потполно напуштени.
-Без да се спроведат детални истражувања, не може да се каже реално во каква состојба е воопшто рибниот фон – велат експертите, но факт е дека ако не се издејствува мораториумот за лов на ендемичните видови риба од двете страни на езерото, оваа мерка ќе биде без никаков резултат.
Законот за рибарство можеби е единствениот при чие донесување не е консултиран нити граѓанскиот, а ни приватниот сектор. Риболовните основи се променија 3 пати во последните 6 години, без да се земат в предвид нашите забелешки, вели концесионерот. Бидејќи риболовната основа не се однесува само на количините на улов, туку и на заштитата, бројот на рибочувари и се она што концесионерот треба да го почитува во 6 годишното работење.
Што се однесува пак на идејата на централната власт стопанисувањето со Охридското езеро да го отстапи на локалната самоуправа на општина Охрид, а обврските околу концесионирањето да ги поделат со општина Струга и со општината во албанскиот град Поградец, експертите сметаат дека тоа би било најлошото можно решение.